Во време кога се празнат српските села, кога нема работна сила за да чува крави, овци и кози, експерти од Ниш направија и презентираа прототип на пастир робот што овозможува примена на паметни телефони и GPS системи за значително олеснување на работата на сите оние што одгледуваат стока а роботот може безбедно да чува стадо од неколку стотици грла.
- Нашата идеја беше да најдеме практично мобилно решение што ќе им олесни на сточарите да ги чуваат своите стада и ќе ку овозможи на стадото да пасе на природен и ефикасен начин. Роботот „Шепард“ контролира, односно покрива парцела со максимална големина од 80х80 квадратни метри. Системот се состои од минимум четири роботски единици поврзани со жичана ограда низ која тече електрична енергија. На тој начин стадото оди на пасење на различно пасиште практично секој ден - објасни Душан Крстиќ, иноваторот на овој проект и доц. Д-р Милан Баниќ, раководител на проектот.
Според постојните стандарди, ваквиот роботски систем може да чува стадо до 620 овци. Целта на проектот, посочуваат Крстиќ и Баниќ, е роботот „Шепард“ да оживее на српските ливади но и пасишта ширум светот.
По завршувањето на студиите на Факултетот за транспорт во Белград, Душан Крстиќ се вратил во родниот град Ниш, каде што работи во компанијата Компјутерско инженерство, а Милан Баниќ е доктор на машински науки и работи како доцент на Машинскиот факултет на Универзитетот во Ниш. Проектот е резултат на партнерска работа помеѓу овој нишки факултет и компанијата. Како што истакнуваат иноваторот Крстиќ и раководителот на проектот д-р Баниќ, овој роботски систем работи и во пракса е докажано дека може да работи како што било замислено. Според нив, животните се однесуваат нормално во просторот контролиран од роботскиот систем Шепард. Тие исто така нагласуваат дека претстои процес на прилагодување на прототипот на сериско производство, што секако не е ни ефтин, ни краток процес. Сепак, Душан Крстиќ и д-р Милан Баниќ веруваат дека пастирот-робот наскоро ќе го замени човечкиот овчар.