На едно четиричлено смејство во ноември годинава според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби.
Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, односно 32,03 отсто за домување. За хигиена требале 2.375,3 денари или 7,04 отсто, за превоз 2.464,22 денари или 7,3 проценти, за облека и обувки 2.161,57 денари, односно 6,41 отсто, за култура 1.066,79 денари или 3,16 отсто, а за одржување на здравје 716,91 денари, односно 2,12 отсто.
Просечно исплатената нето плата во земјава за септември 2020 година изнесува 27.405 денари.