Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27 899 денари. Во споредба со претходниот месец, таа е повисока за 494 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствената и социјалната заштита (12.0 %), Уметност, забава и рекреација (11.6 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.4 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4 %) и Стручни, научни и технички дејности (3.6 %).