Драматичниот пораст на работењето од дома како резултат на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги истакна лошите работни услови со кои се соочуваат голем број работници што работат од дома, чиј број, пред кризата, изнесуваше околу 260 милиони луѓе ширум светот.
Потребна е подобра заштита за оние кои работат од дома, а чиј број значително се зголеми поради ширењето на пандемијата предизвикана од КОВИД-19, вели Меѓународната организација на трудот (МОТ) во новиот извештај.
Работата од дома се одвива во приватноста на домот и затоа честопати е „невидлива“. На пример, во земји со низок и среден приход, речиси сите работници што работат од дома (90 проценти) работат неформално.
Работниците кои работат од дома вообичаено се соочуваат со полоши услови од оние кои работат надвор од домот, дури и во професии со високи квалификации. Работниците што работат од дома во просек заработуваат 13 проценти помалку во Обединетото Кралство; 22 проценти помалку во Соединетите Американски Држави; 25 проценти помалку во Јужна Африка и околу 50 проценти помалку во Аргентина, Индија и Мексико.
Работниците што работат од дома, исто така, се соочуваат со поголеми безбедносни и здравствени ризици и имаат помали можности за пристап до обуки во споредба со работниците што не работат од дома, а тоа може да влијае на нивните можности за кариерен напредок.
Дополнително, извештајот Работење од дома. Од невидливост до достоинствена работа, покажува дека оние што работат од дома немаат исто ниво на социјална заштита како другите вработени лица. Исто така, има помала веројатност овие вработени лица да се дел од синдикат или да се опфатени со колективен договор.
Целиот текст прочитајте го на rabotnik.com.mk