Венчавката на актерката Меган Маркл и принцот Хари дефинитивно е еден од најзначајните настани оваа година. Тие двајца беа главна тема меѓу луѓето и пред венчавката. За нивната врска се разговараше уште пред официјалнo да ја објават веридбата. Меѓутоа, новата принцеза во кралското семејство влегува како „бунтовник“, кој во повеќе ситуации ја прекрши кралската традиција.
Во прилог прочитајте кои 5 строги кралски правила досега ги прекрши Меган Маркл.
1. Зборуваше за нивната врска јавно многу порано од тоа што треба
Меган зборуваше за својата врска со Хари и пред таа официјално да биде објавена, уште од септември 2017 година. Таа тогаш изјави дека тие се вљубени и едноставно сакаат да бидат заедно. Денеска е тешко што било да се сокрие, но со ова таа го прекрши официјалниот кралски протокол.
2. Парот јавно ги прикажува своите чувства
Ако внимателно ги погледнете принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе забележите дека тие никогаш не се држат за рака во јавност. Од друга страна, Меган Маркл и принцот Хари не се срамат јавно да ги прикажат сите свои чувства. Тие се држеа за рака прв пат на спортските игри во Торонто, што беше пред нивната веридба.
3. Меган веќе еднаш беше мажена
Меган Маркл беше мажена за Тревор Енгелсон, филмски режисер. Тие се забавуваа 10 години, а во брак беа 2 години. За среќа на новиот кралски пар, браковите со разведени луѓе повеќе не се забранети во кралското семејство.
4. Меган доаѓа од обично семејство
За разлика од семејството на жената на принцот Вилијам, родителите на Меган се обични луѓе. Нејзината мајка, Дорија Регланд, работи како социјален работник и јога инструктор, а таткото, Томас Маркл, работеше како директор за осветлување во многу филмови и серии. Меган Маркл е девојка од обично семејство, која се прослави како актерка благодарение на сопствениот труд и талент.
5. Одржа говор на венчавката
Новата војвотка од Сасекс, одржа краток говор на крајот од церемонијата за време на венчавката во кој и се заблагодари на кралицата, принцот Чарлс и останатите членови на кралското семејство за топлото добредојде. Говорот го одржа со емотивни зборови, како реченицата „Го пронајдов својот принц“.
24info.mk