На патиштата, улиците и паркинзите низ Македонија се почесто можат да се забележат лимузини или возила од високите класи како „Мерцедес“ или „БМВ“. Тоа не треба да зачудува, бидејќи станува збор за употребувани возила стари и по петнаесетина години.
Доколку се погледнат огласите за продажба може да се забележи изобилна понуда на вакви возила чија цена варира од околу 5.000 евра нагоре во зависност од годината на производство и на состојбата на возилото.
Очигледно е дека одлуката на претходната Влада да дозволи увоз на постари автомобили го направи своето. Сепак, интересно што македонските граѓани многу лесно се одлучуваат да купат возила мерцедеси и БМВ макар тие биле стари и 15 години отколку за истите пари да купат помали возила но од поново производство и поштедливи.
Така, „БМВ“ 320 Д од 2002 година увезено од Германија во Битола се продава за 4.800 евра. „БМВ“ 328 ЦЛ кабрио од 2003 година во Велес се продава за 5.800 евра. „Мерцедес“ Е270 ЦДИ од 2002 година се продава во Гевгелија за 5.300 евра.
Мерцедес“ Е270 Авангард од 2003 година во Струга се продава за 6.199 евра.
извор: emagazin.mk