За рекордно време заборавивме на инаугурацијата на Бајден, на модната здодевност на Првата дама и Потпретседателката, на Лејди Гага и Џеј Ло. И сето тоа бидејќи најголема ѕвезда на денот стана политичарот Берни Сандерс.
Не изостана да биде дел и од нашата канцеларија :)
Неговиот анти-моден избор на зимски ракавици го окупира вниманието на сите оние кои бараа каков било повод за смеа, па во рок од неколку часа сајбер просторот го преплавија најразлични мемиња од Берни Сандерс.
За волја на вистината, човекот навистина изгледаше како да му студи и како да е со сила присутен, а тоа беше совршен повод за креативците да ги преземат нештата во свои раце.
Меѓу првите кои уживаа во онлајн хуморот беше и Џенифер Анистон, која сподели фотографија од Берни на троседот пред фонтаната од најавната тема на „Пријатели“.
На тоа се приклучи и Сара Џесика Паркер која објави фотографија од Сексот и градот, на која наместо ликот на Саманта, мирно си седи Берни Сандерс.
Нема попопуларно меме во моментов, а погледнете каде се' беше Берни „сместен“. Го има дури и пред „Стокомак“ и Собрание :)
фото: facebook.com/mojoklington