За да се намали загадувањето и да се поднови возниот парк во земјава, годинава веројатно ќе се зголеми стандардот за увоз на возила, најави министерот за економија Крешник Бектеши на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“.
Во однос на другите мерки што се планираат во однос на еколошката компонента на транспортниот сектор, Бектеши ги спомена субвенцииите за домаќинствата за вградување плински уред, или уред на метан, како еколошки горива, мерка што ќе се спроведе годинава.
Тој рече дека се бараат средства за уште две мерки кои Министерството за економија сака да ги спроведе. Со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возила кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со евростандард 5 или 6. Втора мерка, за која се уште не се обезбедени средства, е субвенционирање на купување на хибридни возила.