Соседна Србија успешно се снаоѓа во времето кога тешко се наоѓа вакцини за вирусот. Имено, до сега, 375.320 граѓани биле вакцинирани против корона вирус во оваа држава.
Србија сега е втора земја во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, пишува „Танјуг“.
Велика Британија е на првото место. По Србија следуваат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.
Кога станува збор за регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.
Според вкупниот број на вакцинирани во регионот, Романија е прва, со 570.704 вакцинирани лица.