Претераното трошење електрична енергија не само што ќе ве чини повеќе, туку и предизвикува зголемено трошење на јаглен и на други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени.
Претераното трошење електрична енергија не само што ќе ве чини повеќе, туку и предизвикува зголемено трошење на јаглен и на други фосилни горива што придонесува за глобалните климатски промени. Поради тоа, важно е да знаете на кој начин е најдобро да го користите клима уредот за максимално да заштедите на потрошувачката на електрична енергија.
Можeби ви се чини дека непотребно трошите електрична енергија кога го вклучувате и го исклучувате клима уредот, но на тој начин заправо ќе заштедите поголема сума пари, а клима уредот на тој начин и подобро ќе работи. Системот за разладување на просторот е најефективен кога работи со полна брзина, отколку кога работи во пократки периоди со помала брзина за да се оддржи константна температура во текот на целиот ден.
Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја извади влагата од вашиот дом. Исто така, ќе заштедите на струја и ако клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната температура не би смеела да биде поголема од 7 до 10 степени).
Според некои податоци, клима уредот троши од 3 до 5 отсто помалку енергија на секој степен повисоко на термостатот. За максимална заштеда на енергија, клима уредот треба да го оставите да работи на 26 или на повеќе степени Целзиусови додека не сте дома.