Од нашите почетоци во 1991 година до денес, BELLA прерасна во препознатлив македонски бренд за женска облека. Креираме модна гардероба, препознатлива по префинетиот стил со безвременска вредност, која го одразува стилот на модерната и деловна жена.
Веруваме во силата на секоја жена, во моќта на интуицијата во сите нас. Преку совршен спој на сила и елеганција, креираме многу повеќе од уникатна гардероба.
Нашите производи се карактеризираат со квалитет и секое парче облека е рачно изработено со истата страст, од креативна идеја, до готов производ. Нашата цел е да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти, пласирајќи беспрекорни модерни парчиња облека кои се ѕвезди во гардеробата на секоја жена, константно усовршувајќи го квалитетот и трајноста на нашите модни колекции. Изборот на висококвалитетни материјали, современата технологија и професионално обучениот кадар резултира со извонреден стил, со што Bella се етаблира како врвен моден бренд.
Грижата за клиентите е во преден план. Секој сегмент од процесот ги става нашите клиенти во својот фокус. Нашата мисија, заснована врз ненадминливата грижа за корисниците, е да им помогне на жените да имаат сопствен уникатен и впечатлив изглед.
Во моментов Bella има потреба од ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ за продажниот салон во Скопје Сити Мол. За повеќе детали и аплицирање кликнете на линкот.