Предлогот недела да биде неработен ден може да не важи за една третина од вработените.
Две третини од вкупниот број на работници во земјава нема да работат во недела, а за една третина ова нема да важи. Во синоќешното интервју за Сител, вицепремиерот Батиќи соопшти дека исклучок од неработењето во недела ќе бидат 34 дејности.
Од неговиот кабинет велат дека листата не е конечна и ќе има промени па токму затоа се уште не можат да ги објават дејностите кои ќе продолжат да работат во недела.
Според информациите до кои дојде Сител, во оваа листа би можеле да влезат:
Печатници за весници,
Трговијата со гориво
Апетки
Трговијата со електрична енергија
Воден, воздухопловен, копнен транспорт
Хотели
Дејностите за подготовка и снабдување со храна
Медиуми
Телекомуникации
Пожарникарска служба,
Погребални услуги
Музеи
Зоолошки градини
Трговски објекти со 200 квадратни метри продажен простор на бензиски пумпи, гранични премини , аеродроми, жележнички и автобуски станици.
Болници...
Работодавачите велат дека преговорите околу ова законско решение привршуваат.
Извор: Сител