Постојат различни паузи од работа – присилни или доброволни, пократки или подолги, за здравје или одмор, за дете или за себе, да стекнете знаење или да започнете бизнис. Како и да е во секој случај ќе мора да ја пополните оваа празнина во вашето CV затоа што голема пауза во CV -то не изгледа многу добро.
Purewow носи трикови како во CV-то да нема празни места и да имате самодоверба на интервјуто за работа.
За почеток не пишувајте ништо во врска со породилното боледување или било какво отсуство. Прескокнете го тоа.
Организирајте биографија по категорија – не хронолошки
Групирајте искуства според типот (стручно, образовно, волонтерско), а не според времето кога тоа се случило. Го одвлекува вниманието од периодот кога не сте биле вработени и го става фокусот таму каде што треба: на вашата експертиза.
Ставете на список само релевантни искуства
Пишувајте за работни места со скратено работно време или волонтери,само ако се поврзани со работата за која аплицирате. А, тоа значи дека треба да го прилагодите CV-то на работата за која аплицирате. Ова, се разбира, не значи дека треба да напишете сè од нула, но некои делови треба да се преместат на дното или да се отстранат ако не се релевантни за вашата посакувана работа, а некои да бидат обележани.
Покажете самодоверба
Кога станува збор за интервјуто, бидете отворени, но концизни и јасни кога ќе кажете зошто сте решиле (или биле принудени) да паузирате. На пример: “Решив да останам дома затоа што беше најдобро за моето семејство“, и тука е поентата, нема дополнително објаснување. Потоа свртете ја приказната на тоа како сте подготвени за нова работа и полни со ентузијазам да работите таму.