Барањето пракса може да треае долго и да делува напорно – но кога ќе ја добиете вашата позиција,одвојте време да го прославите вашето достигнување. Месеците пред вас се полни со нови можност
Покрај новите вештини што ќе ги добиете на работното место, исто така постои можност да добиете понуда за работа. Всушност, неодамнешните истражувања покажуваат дека 43,5% од практикантите добиле понуда за работа на крајот од нивната пракса. Во текстот што следува ќе најдете упатства за тоа како да го искористите најголемиот дел од вашата пракса и да оставите одличен впечаток.
1. Имајте дефинирани цели
Без разлика каде и да започнете со работа, од суштинско значење е битно да знаете што се очекува од вас, а и односот на вашата пракса нема да биде поинаков. Поставувајќи дефинириани и специфични цели со вашиот работодавец, ќе добиете структура и значење за вашата пракса, истовремено избегнувајќи непотребна фрустрација или конфликт.
Еве неколку примери на цели и очекувања за кои можеби сакате да разговарате:
- Специфични вештини на кои што би сакале да работите
- Специфични области или проекти на кои што ќе ви биде потребна помош од вашиот работодавец
- Потребно е да побарате насоки или поставите прашање кога е потребно
- Истражете каде може да ги побарате потребните податоци и ресурси кога работите самостојно
- Дали вашиот работодавец ќе изработува месечни\ неделни репорти за вашата работа
- Дали можно е да ги оддолжувате и презакажувате временските рамки за коишто е потребно да изработите една задача
2. Секогаш следете внимателно
Секогаш кога ќе ви биде доделена или ќе се согласите да завршите некоја задача, секогаш следете ја. Ако сметате дека не можете да ги исполните ветувањата, соопштете му го на вашиот претпоставен. Објаснете зошто и кои ќе бидат вашите следни чекори. Учењето како да се даде приоритет и да се делегираат заеднички одговорности може да помогне да се избегнат ситуации каде што може делувате несериозно.
Со текот на времето, успешно завршувајќи ги зададените и прифатените задачи, вие стабилно ќе стекнете репутација дека сте сигурни во работата која што ја работите.
3. Научете да ги поправате сопствените грешки
За време на стажирањето може да се случи да направите грешки, и тоа е во ред. Правењето грешки е дел од учењето. Клучно е да се прифати одговорноста кога работите не одат според планираното. Преземање сопственост, одговорност и артикулирање на можни решенија ќе резултира со побрзо решавање и ќе им овозможи на другите да ве гледаат како лидер.
Сценарио кое што може да се случи :
- Го испуштивте рокот за завршување на задачата за даден проект
Решението може да биде :
- Прво, треба да му објасните на вашиот претпоставен дека сте свесни дека сте го пропуштиле рокот. Обезбедете соодветни причини без изговори. На пример: „Погрешно проценив колку време ќе ми треба да ја завршам оваа задача и ја преземам одговорноста за тоа“.
- Следно, предложете решенија за тоа како ќе го решите проблемот. На пример: „Можев да им дадам предност на моите други задачи и ќе можам да го завршам ова до крајот на денот“.
- Потоа превеземете ги потребните чекори за решавање на проблемот.
4. Остварете нови конекции
Вашата пракса е драгоцена можност да започнете вмрежување, да го зголемите бројот на вашите познаници. На крајот на краиштата, луѓето што ќе ги запознаете на пракса би можеле да ви станат пријатели, професионални контакти и можни ментори во следните години.
Започнување разговор со странeц не е лесно за секого, но има едноставни “мразокршачи” што можат да започнат. Еве неколку примери:
- Кога бевте на почетокот на градење на вашата кариера, дали посетувавте пракса? Која беше најважната работа која што ја научивте на пракса?
- Што е нешто што порано верувавте во вашата кариера, но сега размислувате поинаку ?
- Кој е вашиот најдобар совет кој што сте го добиле на почетокот на вашата кариера?
- Кои вештини сметате дека ќе бидат најрелевантни во ова поле , во годините кои што следуваат?
5. Менторство
Ментор е некој што може да ве води низ вашата пракса и да биде мост кон професионални мрежи и можности за учење. Тие нема да ви дадат целосни насоки низ процесот, туку можат да послужат како доверлив извор на нови информации и добивање на нови вештини.
Кога започнувате на пракса, може да ви биде доделен ментор. Во други случаи, можеби ќе треба сами да си одберете ментор. Доколку вие сте тие кои што треба да го изберете вашиот ментор, добро би било на вашиот потенцијален да му се обратите со следниве зборови: „Јас сум желен да научам што е можно повеќе во текот на мојата пракса. Вашиот придонес ќе биде многу ценет. Дали би можеле да служите како ментор во ова време? “
Доколку сакате да изберете некој на кого му се восхитувате и има вештини и одлики што вие сакате да ги развиете. Доколку вашиот ментор прифати соработка со вас потребно би било да организирате редовни и кратки состаноци, каде што ќе поставувате прашања во врска со вашите задачи.
И запомнете, менторството не е едноставна работа. Доколку бидете одбиени немој да се разочарувате.
6. Научете да соработувате со останатите
Вештина која што е потребно добро да е совладате е соработка. Соработување значи дефинирање на очекувањата, активно слушање и комуницирање јасно. За време на праксата, побарајте можностсти за да вежбате соработка или работа во тим. Затоа што во процесот кој што следува во иднина е од особена важност, дали ќе работите во тим или како поединец.
7. Побарајте можности за напредок во вашата кариера
Првите неколку дена на работa\ пракса можат да започнат само со обуки. Во времето кое што ви е дадено на располагање за обука не заборавајте да поставувате прашања во врска со работата.Доколку нема официјална обука, потрудете се сами да ги пронајдете потребните информации за вашата задача.
8. Пишувајте дневник
Во текот на вашата пракса водете еден дневник каде што ќе ги запишувате вашите нови вештини и знаења со коишто секојдневно се сретнувате.
Белешките кои што ги запишувате во текот на праксата, се од особена важност за понатамошно градење на вашето CV.
9. Потрудете се да бидете позитивни во текот на праксата
Во текот на праксата ќе се соочите со многу нови хиерархии кои што на некој начин ќе допрат до вас, до вашиот личен став. Кај секој најверојатно ќе постои ситуации на сомнеж или нешто слично. Кога некој од вашите колеги добива унапредување, потрудете се да изгледате позитивни во таквата ситуација. Сепак не станува збор за ништо лично.
Насмевнете се и посакајте му успех !
10. Одржувајте контакти
Не секоја пракса нуди загарантирано вработување после завршувањето на практиканските обврски. Но, не очајувајте.
Доколку ве интересира компанијата каде што сте биле на пракса и сакате да работите таму, потребно е да ги одржувате контактите со луѓето кои што сте соработувале.
Често од таквите контакти може да добиете понуда за работа, да дискутирате за активни огласи кои што се моментално активни тука или во некоја друга компанија, многу е битно за ваш кариерен развој да имате конакти од ваша област за да може детално да зборувате за вашите кариерни можности.