Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје.
Во првата фаза, се очекуваат инвестиции од 5,1 милиони евра и вработување на 40 до 50 лица. Развојните планови предвидуваат инвестиции до 12 милиони евра и вкупно отворање на 215 работни места.
Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, а подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7,5 месеци завршени се 75% од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за Пурпласт е 26.000 m2, во првата фаза се искористени 50% од земјиштето (Фаза 2 се очекува за 2025 година). Има вкупно 12.000 m2 затворена површина: административна зграда на 2 спрата со вкупно 1.600 m2 и производна сала-,еханички простории: вкупно 10.400 м2.
Компанијата Пурпласт е еден од локалните партнерни на уште еден странски инвеститор во земјата, Ван Хол, а во портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер (командна табла, навлаки, разделни ѕидови, тавански тапацир, рачки, волани), екстериер на комерцијални возила (браници, предна и задна маска, странични панели, кровни панели.), како и производство на седишта (патнички вагони, градски автобуси и камиони).
Текстот е превземен од vecer.mk