Без разлика дали сте завршиле голем проект на кој што сте работеле подолг временски период или сте имале “тешки” разговори со вашите соработници, или сте биле пренатрупани со обврски и сте работеле како да нема утре, следува викенд па време е да си одвоите време за себе си и да научите како да се опуштите после таква напорна недела.
- Диши правилно
Дишењето е многу важно. Научете се да дишете правилно. Фокусирајте се на вашето дишење, дури и пет минути можат да ви бидат од голема корист и да ја “смирите” вашата “Борба” или “Летање” на мислите. Ако сакате да го поедноставите процесот на дишење научете се да изброите до 4 вдишувања, после повторете го процесот и издишете.
Ако сакате вистинска релаксација може да слушате медитативна музика која што ве опушта.
- Слушни се со твојот најдобар пријател
Викенд е време за дружење !
Зошто е битен телефонскиот разговор со пријател? Освен што ќе си раскажете како си ја поминавте изминатата недела и договорите дружба, вие му правите услуга на вашиот Лимбичен систем.
Лимбичниот систем е одговрен за нашите емоции, така што со самиот телефонски разговор вие го осолбодувате стресот, и се насочувате кон дружење. Самиот разговор води кон една опуштена состојба.
- Одете на прошетка
Зошто да го замените ручекот или кафе во ресторан со прошетка во природа со вашите пријатели?
Дозволете си кратка прошетка во природа или упатете се кон најблискиот парк, процесот на прошетка и дишењето на свеж воздух премногу опуштаат.
Доколку временските услови не дозволуваат, повикајте ги вашите пријатели дома играјте друштвени игри или гледајте некој филм или серија. Сепак петок е !
- Дозволете си да поспиете подолго
Ако вашата недела помина со премногу обврски и немајќи време за себе. Време е да си подарите добар сон.
За да имате добар и квалитетен сон, пред спиење истражувањата покажуваат дека е добро да имате еден топол туш.
- Вежбајте
Без разлика дали спортски тип или не, дозволете си кога имате слободно време една прошетка или истрчајте еден круг.
Било кој 20 минутен тренинг, ќе му овозможи на вашето тело да ослободува ендорфин и ве прави да се чуствувате еуфорично и полни со енергија.
Друг фасцинантен детал зошто е битно вежабањето е следното : Редовното вежбање е тоа што му дава на вашето тело да се научи да реагира на стрес.
Според д-р Ј. Кип Метјуз, психолог за спорт и вежбање, кажува дека редовното вежбање му овозможува на вашето тело да ја насочи комуникацијата помеѓу системите вклучени во реакцијата на стресот. Затоа, колку сме помалку активни, толку сме попредизвикани кога се справуваме со физички и емоционален стрес.
- Напишете листа со обврски
Ако едноставно не можете да престанете да размислувате што се треба да направите на работа во неделата што следува, запишете си ги вашите мисли на хартија.
Пишувањето на ваквиот список нема да ви одземе повеќе од 5 минути, а може да биде многу корисен. Списокот ќе ви даде една ментална јасност која што ви е потребна за да се релаксирате со тоа што вашите мисли кои што се насочени на работа, слободно може да ги ставите на пауза.Затоа што на хратија имате запишано еден одлично структуриран план.
Доброто е во тоа што ваквиот начин на запишување ви дава можност да го видите вашиот напредок.