Купување куќа, враќање на училиште, промена на кариера, сите овие работи се ризични, но може да ви се исплатат на долг рок. Инвестирањето не е ништо поразлично. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да донесете подобри одлуки кога станува збор за инвестирање.
ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
Можете да го ублажите ризикот при инвестирање со диверзификација на портфолиото. Ова е уште еден начин да се каже дека не треба да ги ставате сите јајца во една кошница. Ако ја вложите целата заштеда во една компанија, ризикот да изгубите или да заработите пари зависат целосно од перформансите на таа компанија.
Со инвестирање во различни компании и во различни сектори, во ситуации кога дел од компаниите во кои сте инвестирале ја губат вредноста одреден период, на другите компании им оди добри и го балансираат вашето портфолио.
ВРЕМЕТО ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ
Колку подолго вложувате пари, толку е поголема можноста да се зголеми вкупната вредност на вашата инвестиција. Било какви ненадејни падови во економијата кои предизвикуваат пад на вредноста на вашите инвестиции, може да се надминат со тек на времето.
Како пример земете го економскиот пат што се случи во 2020 година поради пандемијата. Глобалниот пазар на акции падна околу 30% со некои од највисоките падови забележани за еден ден. Сепак, глобалните индекси на крајот на годината остварија рекордно високи добивки.
БРЗО ЗБОГАТУВАЊЕ
Некои луѓе губат пари при инвестирање затоа што сметаат дека инвестирањето е шема за брзо збогатување. Причината е тоа што инвеститорите се обидуваат да го надмудрат маркетот, практикувајќи чести купувања и продажби во обид да остварат супериорна добивка. Ова за жал ретко функционира.
Држете се до докажаните постапки за инвестиции на долг рок. Иако можеби ќе изгубите малку краткорочно, на крајот на краиштата, бавниот и стабилен пристап ке победи во финансиската трка.
За повеќе корисни финансиски совети, следете го профилот Moи Финансии