„Очекуваме Комисијата да покаже разбирање за нас, и после Велигден да се дозволат настапи и настани“ - велат од ЗЕУМ
Да нема оро, туку само танц за младоженците на почеток на свадбите, гости во органичен број, персонал со маски и работно време до 21 часот – ова е дел од протоколот за работа, изготвен од страна на претставниците на ресторани за свадби, кои бараат Комисијата да ги прифати нивните барања, и да се дозволи организирање на семејни свечености. Сепак, музичарите не се задоволни од предложеното, бидејќи и тие се надеваат на зелено светло за жива музика на свадбите, кои за повеќето од нив се основен извор на егзистенција.
Претседателот на Здружение на естрадни уметници на Македонија (ЗЕУМ), Горјан Стојановски во разговор за „Фокус” појаснува дека веќе испратиле писмо до Комисијата за заразни болести, во кое бараат средба на која ќе се најде решение за проблемот. Вели дека во ред е да не се игра оро и да нема фолк музика за време на настаните, а предлага свадбите да се одвиваат со изведба на класична и евергрин музика, како што е случај во повеќето развиени европски земји.
- Ова е одлична година за оние кои сакаат да им е поразлична свадбата и оние кои не сакаат да има народно. Ако не може да се играат ора и чочеци, тоа не значи дека не треба воопшто да нема никаква музика.
- Очекуваме Комисијата да покаже разбирање за нас, и после Велигден да се дозволат настапи и настани.
Целиот текст може да го прочитате на fokus.mk