Прогласувањето на неделата за неработен ден ќе предизвика финансиски загуби во одредени сектори, ќе ја намали продуктивноста и конкурентноста на компаниите и ќе ги принуди странските инвеститори да ја преиспитаат одлуката за инвестирање, беше посочено на денешната панел дискусија организира од Стопанската комора на Македонија.
Панелистите се согласни дека прогласувањето на недела за неработен ден нема да ги даде очекуваните придобивки, туку ќе предизвика проблеми во работењето на повеќе сектори. Во градежништвото ќе бидат пролонгирани роковите за градба, ќе се измести производствениот процес во компаниите, а во трговијата и кај спортските обложувалници, каде викендот е период кога има најголем број посетители, ќе има пад на прометот, што ќе повлече и отпуштања на вработените.
Проценките се дека во трговските центри околу 10 проценти од вработените ќе ги загубат своите работни места, а во спортските обложувалници една третина од вработените ќе останат без работа.
Целиот текст може да го прочитате на rabotnik.mk