Облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава.
Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата.
Поради продор на студена воздужна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места.
Ќе дува засилен северен ветер, локално и над 65 км/час, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за седум до девет степени.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 5 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во околните повисоки предели врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во вторник во текот на денот ќе дува засилен ветер од северозападен правец.