Земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 22.38 часот во близина на Гостивар.
- Во 22.38 часот се случил земјотрес со магнитуда 3,5 според Рихтер, со епицентар на 21 километар југозападно од Гостивар, на длабочина од 5 километри. покажуваат податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Послаб потрес е евидентиран во 15.15 часот, со магнитуда 2,2 според Рихтер, на длабочина од 2 километри.