Оклахома објави дека ќе ја укине обврската за носење маска и сите ограничувања за јавни настани.
Гувернерот Кевин Стит, републиканец, најави дека ќе потпише извршна наредба со која ќе ги отстрани “ограничувањата за настани во целата држава и барањето за носење маска во државните згради”, пренесува Индепендент.
Неговата одлука да ги отстрани ограничувањата настана поради уверувањето дека државата е на пат да “го врати летото”.
Во последниве седум дена Оклахома во просек има 643 заразени, што е за 1,1 отсто повеќе во однос на претходната недела, според проектот Ковид теркинг. Повеќе од 4.500 луѓе од Оклахома ја загубија битката со новиот вирус.
Неколку сојузни држави ја укинаа поранешната обврска за носење на заштитни маски, а помеѓу нив се Тексас, Флорида, Конектикат, Ајова и Монтана.