Грција ги отвара вратите за странски туристи
Додека во Брисел се ковеше план за воведување на дигитални сертификати кои ќе овозможат на вакцинираните луѓе да им обезбедат слободно патување во Европските држави, многу земји како што е Грција веќе имаат воведено сопствени "Ковид пасоши".
Грција е строго решена на пролет да го отвори туризмот за странските посетители, без обзир на спорот темпо на Европската комисија и објави дека ќе важи само за вакцини одобрени од Европската унија.
Во април почнува пробната фаза на летови кои ќе донесат патници од некои од европските земји, Израел и Велика Британија. Од средина на мај ќе бидат додадени уште земји на листата за која нема да има потреба на карантин, но ќе мора да се тестираат при доаѓање во Грција.
Сите вработени од туристичкиот сектор ќе мора да биднат вакцирани. Истовремено за сите оние за кои ќе се утврди дека се позитивни, ќе биднат изолирани во хотелските соби. Сите вработени од туристичкиот сектор ќе мора да биднат вакцирани. Истовремено за сите оние за кои ќе се утврди дека се позитивни, ќе биднат изолирани во хотелските соби.
Грција очекува од европската унија да ги усвои "ковид пасошите" инаку Грција ќе мора да усвои свои правила и да ги признае сертификатите на секоја европска држава.
Хотелиерите се спремни на сите услови и го покажаа тоа во 2020 кога имаше само неколку случаи на корона вирус.