Една година откако Дизниленд ги затвори вратите и отпушти илјадници работници поради пандемија на Коронавирусот, тој ќе продолжи со работа на 30 април.
Пандемијата на коронавирусот не е завршена, но Дизниленд и Дизни, Калифорниската авантура сепак ќе ги отворат вратите за посетителите и ќе работат со капацитет од 15 проценти. Од сите посетители ќе се бара да носат маски, вклучувајќи ги и децата на возраст над две години. При влез во паркот потребно е да се измери температура.
Исто така Дизни воведува и нов систем на резервации за секој посетител, а засега, само жителите на Калифорнија ќе можат да го посетат паркот.
Пред две недели, Калифорнија донесе одлука со која се дозволува отворање на тематски паркови како Дизниленд од 1 април и ќе може да работи со капацитет од 14 до 35 проценти во зависност од состојбата на Корона вирусот во областа каде што се наоѓа. Дизниленд се наоѓа во Оринџ каде што постои висок ризик на инфекција. Токму поради тоа, турнеите ќе бидат ограничени во тематскиот парк.