На месечна основа, за споредба, бројот на невработени лица пораснал за 0,6% во февруари, според податоците објавени од Агенцијата за вработување.
На крајот на февруари во Република Северна Македонија се регистрирани 159.608 невработени лица, за разлика од истиот период на минатата година кога бројката изнесувала 105.816. За само една година во државата се зголемил бројот за точно 53.789 нови невработени лица. Ова се официјалните податоци на Агенцијата за вработување.
Економијата на земјата се намали за околу 4,5% на годишно ниво реално во 2020 година, соопшти заводот за статистика на Македонија овој месец, повикувајќи се на прелиминарни податоци.
Извор: https://bankarstvo.mk/