Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието
УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 05:20 ч. е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 23:35ч. сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.
ЗAБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово - Дебар, Струга – Г.П. Ќафасан, планинските премини Пресека, Стража, Ѓавато, Буково, како и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
И денес снег и ниски температури - Забрана за тешки товарни возила и автобуси на неколку патни правци
Актуелно
-
Каде е најевтино скијањето во Европа и како се снаоѓаат Македонците?
Долго време Бугарија беше синоним за поволно скијање во Европа, но новите анализи покажуваат дека Италија веќе две години по ред е омилена дестинација за туристите кои бараат најдобар сооднос на квалитет и цена.
-
Новогодишен избор – Србија за 300 или Дубаи за 2.000 евра?
Додека некои ќе ја дочекаат Новата година дома или во соседните земји, дел од граѓаните се подготвени да издвојат значителни суми за уникатно искуство на егзотични дестинации.
-
Германците подоцна ќе одат во пензија: Старосната граница се поместува
Редовната старосна граница за старосна пензија постепено ќе се зголемува до 2031 година на 67 години. Право на редовна пензија ќе имаат родените 1960 година од 2025 година кога ќе наполнат 66 години и 4 месеци.
-
Нема веќе возење со истрошени гуми – доаѓа систем што ќе ги препознава
Истрошените и несоодветни гуми на возилата се сериозна закана за безбедноста во сообраќајот, заедно со продолжување на растојанието за сопирање и намалување на способноста за контрола на возилото.
-
Ќе се затвори Агенцијата за нуклеарна технологија
Ако не сте знаеле, од 2010 година во Македонија постои Агенцијата за нуклеарна технологија.
-
Горивата со нова цена: Од полноќ поскапува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата.