Со цел да придонесе во борбата против ковид-19 компанијата „DM дрогерие маркт“ донираше два концентратори за кислород за Општата болница Велес
„Социјалниот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија, а во моменти кога како општество сме соочени со можеби најголемиот предизвик на денешницата - глобалната пандемија, навистина е неопходна сечија солидарност, со цел да излеземе како победници од оваа битка“ , велат од компанијата.
Покрај бројните заложби за општествена одговорност во овој предизвикувачки период, компанијата уште еднаш на дело го потврди принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно. Имено, покрај 14 редовни плати во текот на годината, во деловната 2019/20 година на сите вработени во компанијата им беше исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари. На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на своите вработени во време на кризата предизвикана од светската пандемија на ковид-19.