Во недела ќе пристигнат првите 24 илјади дози вакцини против ковид-19 од производителот „Астра Зенека“, најави министерот за здравство, Венко Филипче на неговите официјални профили на социјалните мрежи.
Како што информира тој, станува збор за прва пратка преку ковакс-механизмот.
„Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24 000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот“,
напиша Филипче.
Претходно, Филипче најави дека масовната имунизација на населението во земјава со вакцини против ковид-19 ќе почне во април.