Се враќате од работа, гладни и без никаква идеја за вашиот следен оброк. Погледнувате во фрижидерот и сфаќате дека нема ништо за јадење. Познато?
Реалноста е дека во фрижидерот имаме бар неколку состојки но ни изгледа невозможно од нив да креираме оброк.
Еве како да го решите овој проблем:
1. Направете листа на сите намирници што ги имате дома
2. Отворете го сајтот или симнете ја апликацијата supercook.com и внесете ги состојките што ги имате
Како функционира supercook.com?
Овој сајт нуди персонализирани рецепти, прилагодени на состојките кои веќе ги имате дома. Ќе ви даде многу нови идеи за оброци и ќе ви заштеди пари.