Охридска банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за март 2021 година во периодот 29.03.2021 година – 01.04.2021 година согласно Информацијата за исплата на пензии за март 2021 година на македонската влада.
Од 29.03.2021 (понеделник), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.
Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии и преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите преку мрежата на експозитури ќе се врши според редоследот утврден од владата:
Датум | Пензија |
29.03.2021 (понеделник) | До 11 000 денари |
30.03.2021 (вторник) | Од 11 001 до 14 000 денари |
31.03.2021 (среда) | Од 14 001 до 18 000 денари |
01.04.2021 (четврток) | Над 18 001 денари |
Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.