Како што досега знаеме, меѓу најголемите ризик фактори за зараза од ковид-19 и развивање на тешки симптоми се староста и боледување од некаква болест, како што се малигните болести, дијабетес или пак висок крвен притисок.
Научниците воочиле дека луѓето со крвна група 0 имаат помала веројатност од инфекцијата за разлика од останатите крвни групи.
Студијата била објавена во списанието „Annals of Internal Medicine“, а експертите анализирале податоци од 225.556 испитаници од Канада со просечна старост од 54 години за да воочат дали крвната група е ризик фактор и влијае на веројатноста од зараза со коронавирусот или пак на развојот на сериозни симптоми од болеста.
Научниците дошле до заклучок дека луѓето со крвна група 0 и негативен Rh фактор имаат понизок ризик од инфекција на коронавирус.
Околу 13 проценти помал ризик од смртен исход
Нултата крвна група имала 2,1 отсто веројатност од зараза од ковид-19, односно најмала веројатност од сите останати крвни групи. Во споредба со тоа, најголема веројатност за зараза од ковид-19 воочена била кај крвната група Б која изнесувала 4,2 отсто.
Тоа значи дека оние со крвна група 0 имаат 12 отсто помала веројатност за зараза со ковид-19 во однос на оние со крвна група А, АБ или Б, наведува „Ројтерс“, а имаат и 13 отсто помал ризик од смртност.
Резултати за заразност, смртност и потежок облик на болеста
Дополнително истражување кое било објавено во списанието „Nature“ исто така покажало дека крвната група влијае на ризикот од зараза со ковид-19. Научниците во ноември 2020 година анализирале 14.112 пациенти од Њујорк и откриле дека кај оние кои не биле со крвна група 0 има поголема веројатност од зараза со ковид-19.
Од друга страна докажале дека оние со грвна група А имаат помал ризик од смртен исход во споредба со луѓето со крвна група 0. Со тоа што крвната група АБ имала најголем ризик од заболување од потежок облик и смртен исход. Луѓето со крвна група Б имале поголем ризик од смртен исход во споредба со луѓето со крвна група 0.
Извор : https://info.mk/