Во Хрватска денеска стапи во сила нова мерка за преминување на границите, што подразбира задолжително поседување негативен тест, сертификат за вакцинација, вклучително и со руски и кинески вакцини или потврда за прележана инфекција.
Мерката за влез во Хрватска ќе важи следните 180 дена.
Со оглед на претстојните велигденски празници, донесена е задолжителна мерка за носење маски во затворени простории и надвор, каде се очекува поголем проток на луѓе, без оглед на препорачаната физичка дистанца.
Тие мерки ќе важат до 9 април, а нивната промена е можна и на државно и на локално ниво, во зависност од епидемиолошката состојба.
извор: press24.mk