-Kовид-19, се третира како професионално заболување само за медицинските лица, лицата кои работат со заразени материјали и сличен персонал, а Македонското здружение за заштита при работа, бара ваквата квалификација да се прошири на сите вработени во државата.
Министерството за здравство, треба сериозно да размисли за можноста и на лицата кои го прележале вирусот и се во постковид период, да им овозможи да добијат барем неколку неделно боледување, предлага Арбен Таравари, невролог и поранешен министер за здравство.
Како паталец и од свое лично искуство, Таравари за „Слободенпечат“ објаснува дека и тој морал веднаш да се врати на работното место, откако го прележал вирусот во декември лани, а последиците од болеста, ги чувствувал подолг период.
Платено боледување во моментов, се добива само ако сте болен или во самоизолација и тоа не е со иста висина во јавниот и приватниот сектор.
Имено, вработените во јавниот сектор, земаат стопроцентна плата доколку се на боледување или во изолација, а во приватниот сектор, за боледување се добива од 70 до 90 отсто од платата во зависност од отсуството од работа.
-Kовид-19, се третира како професионално заболување само за медицинските лица, лицата кои работат со заразени материјали и сличен персонал, а Македонското здружение за заштита при работа, бара ваквата квалификација да се прошири на сите вработени во државата.
На тој начин, оние кои ќе заболат на работното место нема да добиваат помала плата, затоа што не доаѓаат на работа.