Овие две компании го представија својот нов модел на женски патики Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97. Ова е нивна трета соработка, предходно ги изработија Silver Bullet Air Max 97 патиките во 2017 година и Metallic Gold од истата колекција 2018 година.
Овој најнов луксузен модел се базира врз Air Max 97 моделот кој што е стар повеќе од две децении. Она кое што ги прави патиките да изгледаат посебно се употребените Swarovski кристали, со кои што на површина на патиките се формирани брановити линии со различни дебелини, а помеѓу нив се наоѓа класичен мрежести материјал обложен со сива и бела боја што е карактеристична на пролетните Nike патики.
Средниот дел на ѓонот на патиките е обложен со бела боја, а долниот дел е обложен во црна боја. Поларно сината боја по која што е именуван моделот на патиките е сместена со дискретен Swoosh симбол на брендот кој што е сместен на двете страни на патиките и на предната страна на јазикот..
Внатрешноста на патиките е црна.
Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97 до пред скоро време на сајтот на Nike се продавале по цена од 400 долари.
Nike и Swarovski заедно соработувале за дизајнот на новиот модел на патики
Занимливости
-
Како да се вратите во вашата работна рутина по празниците?
Празниците се време на радост, релаксација и поминување време со семејството и пријателите, но враќањето на секојдневните обврски по новогодишните и божиќните прослави може да биде предизвик. По одреден период на релаксација, многумина се соочуваат со пад на мотивацијата, чувство на преоптоварување или потешкотии да го организираат своето време.
-
Најневообичаениот мост во светот: Не е кружен тек – се вози во круг, а многумина не знаат зошто
Мостот кој ги поврзува бреговите на лагуната Гарзон во Уругвај можеби е најневообичаениот во светот. Иако беспрекорно ја извршува својата функција, многу луѓе се изненадени од неговата форма.
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица
Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Старата нова година.
-
Еве која монета од 2 евра е најскапа
Истражувањата покажуваат дека одредени монети од две евра денес вредат илјадници евра, благодарение на нивната реткост и историја.
-
Случајно фрлен диск во ѓубре со биткоини вредни 750 милиони: Жител на Велс бара да ја прекопа депонијата со 1,4 милиони тони отпад
Британскиот суд одби да ја слушне тужбата на жител на градот Њупорт, Велс, кој барал локалните власти да дозволат ископувањата во градската депонија за да се најде случајно фрлен хард диск кој содржи биткоини.
-
Кога е вистинското време за да се раскити елката?
Празниците завршија, но многумина сè уште ги мачи прашањето кога е вистинското време да се раскити елката во домот. Иако традицијата и фенг шуи често се совпаѓаат кога се во прашање новогодишните украси, одговорот на ова прашање не е јасен.