Занимливости
-
Оваа жена измисли производ кој ја прослави Југославија низ светот
Зимата 1955 година била толку тешка што Злата извесно време не можела да се врати во Сараево поради снежните патишта, па тргнала да бара привремена работа во тогашна Југославија додека не може да се врати дома. Снежната бура потоа ја затекнала во Загреб, а додека била заглавена во тој град, нашла оглас за хемиски техничар во „Подравка“, хрватска фабрика од Копривница, мало гратче кое тогаш се борело со криза. Таа се пријавила и веднаш била примена.