DM отвора НОВ МАРКЕТ во Охрид - Станете дел од нивниот тим

DM отвора НОВ МАРКЕТ во Охрид - Станете дел од нивниот тим

15. 04. 2021.

Биди дел од новиот тим на DM во Охрид! Ако сакаш да работиш во динамична средина и постојано да се усовршуваш, погледни ги слободните работни позиции за новиот DM маркет во Охрид:

dm drogerie markt спаѓа во еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа. Денес dm е репрезентативен ланец со повеќе од 3.765 продавници во 13 држави ширум Европа. Во Македонија  првите дрогерии се отворија во 2012 година, а до денес има отворено вкупно 18 продавници (12 продавници во Скопје и по една во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола и Струмица). 

Од dm drogerie markt Makedonija најавија проширување на тимот и нови работни позиции за новоотворената dm дрогерија во Охрид.

Биди дел од новиот тим на DM во Охрид! Ако сакаш да работиш во динамична средина и постојано да се усовршуваш, погледни ги слободните работни позиции :

Продавач во продажен објект - Охрид
линк за повеќе детали и аплицирање

Раководител на филијала - Охрид
линк за повеќе детали и аплицирање

Што значи да се биде дел од тимот на dm?

Принципот „Компаниите постојат поради луѓето, а не обратно“, за вработените во компанијата dm значи низа придобивки. 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукации, како и бесплатни систематски прегледи се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.

И покрај 14 редовни плати во текот на годината, компанијата на сите вработени им исплати дополнителен Ковид-бонус во износ од 9.000 денари како благодарност  за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот. На овој начин, dm дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на вработените.