Со оглед на ниските температури кои се невообичаени за овој период од годината логично е да се наметне прашањето дали домовите од денес ќе останат со ладни радијатори.Бидејќи секоја грејна сезона почнува и завршува во исто време од 15 октомври до 15 Април.
Тоа истото го пишува и на официјалната страна на БЕГ.
За домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, од 15 октомври 2020 година започна регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае, сѐ до 15 април следната година. Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Македонија.
Во образложението пак за тоа кога се испорачува топлинска енергија не стои ништо по прашањето за продолжување на грејната сезона:
Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов.
При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.
Временската прогноза за утре повторно најавува температури кои почнуваат од 3 степен со дожд и снег на планините а и за следниот период слична е прогнозата.