Министерот ова го најави на вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.
Министерот за економија Крешник Бектеши, не ја исклучи можноста на крајот на мај да бидат отворени рестораните за свадби. Министерот ова го најави на вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.
„Верувам дека во разговорите кои ги имаме во рамките на Кризниот штаб, некаде кон крајот на мај треба да се дозволи и отворањето на рестораните за свадби имајќи го предвид и трендот на намалување на бројот на нови случаи – изјави Бектеши.
Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата. Во моментов се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.