Со инвестиција од 10 милиони евра американската компанија „Кемет Електроникс” го проширува капацитетот на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Се прави нова линија за автоматско производство на кондензатори за автомобили, како и нова хала, а се отвора и Центар за истражување и развој на нови кондензатори и просторија за тестирање на нови материјали.
Со тоа се предвидува бројот на вработени од сегашните 270 да се зголеми на 500. Според најавите, новата линија треба да биде пуштена во функција од август годинава, а новата хала да почне да функционира во мај 2022 година.
„Кемет Електроникс” ја отвори фабриката во Скопје во октомври 2012 година. Наменета е за производство на електронски производи наменети за вселенската, авионската, воената и автомобилската индустрија.
Фабриката е лоцирана во технолошко - индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 квадратни метри, од кои 9.000 се производствен капацитет.
Во моментов „Кемет Електроникс” има потреба од кандидати за работа на следните позиции:
Warehouse Shipping Specialist
Оператор во производство
Price and Data Specialist
Technical Product Manager, Automotive Film Capacitors
Process Engineer
Process Development Engineer
Film BU Marketing and Design Tools Product Manager