Купувањето на сопствен дом е предизвик за секое семејство. За многумина, тоа е невозможно дури и во нашата земја, а не пак во странство. Меѓутоа, постојат држави во кои може да добиете бесплатно домување.
Порталот womensarticle објави топ 5 листа на држави каде што може да добиете бесплатна куќа, секако, доколку се преселите таму и станете резидент на таа земја. Во продолжение дознајте кои се тие држави и како најдобро да го положите тестот за добивање на бесплатна куќа.
ИТАЛИЈА
Дали некогаш сте слушнале за сицилијанското гратче Ганги? Популацијата на ова гратче се намалува од година во година и во моментов таму има околу 7.000 жители и голем број на куќи кои се ненаселени. Италијанската влада ќе ви овозможи да станете сопственици на една од овие куќи доколку ветите дека ќе останете таму да живеете.
СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ
Сте размислувале за живот во Америка? Градовите како Гери, Индиана или Детроит може да ви дадат дом доколку гарантирате дека ќе најдете работа и нема да бидете на терет на државата.
ЈУЖНА АФРИКА
За разлика од Италија и Америка, Јужна Африка нуди бесплатно домување само за сиромашните жители. Доколку некогаш патиштата ве одведат во оваа земја, за бесплатна куќа ќе морате да докажете дека навистина немате каде да преспиете на друго место.
ОСТРОВИТЕ ПИТКЕРН
Отсекогаш сонувавте да живеете на остров? Популацијата на овие острови кои се дел од британската колонја се намалува секоја година, а денес таму претстојуваат околу 50 резиденти. Властите даваат земја онолку колку што ви треба, потребно е само да прашате.
КОЛУМБИЈА
Колумбија, слично како Јужна Африка, нуди бесплатно сместување за најсиромашниот дел од населението. Оваа земја важи за сиромашна меѓутоа во последниве неколку години расте бројот на туристи, а воедно започнува да се гледа и нејзиниот еконосмки потенцијал. Вреди да и се даде шанса!
извор: womensarticle.com