Работниците во земјава работат најдолго, а земат меѓу најмалите плати, но не може да се пофалат со продуктивност. Потребни се промени во образованиете, инвестиции во технологијата, почитување на работничките права за да се зголеми продуктивноста, што би довело и до поголеми плати.
Работниците во Македонија се на врвот во Европа со најдолга работна недела, но се меѓy оние кои земаат најмала просечна плата. Според податоците на европскиот Завод за статистика „Евростат“, просечното работно време на работниците во земјава е 39,6 работни саати неделно, со што земјата е на четврто место во Европа по должината на работната недела -пишува Слободна Европа
Пред Македонија се Грција, Србија и на прво место Црна Гора со 44,5 часа неделно. Пократко од работниците во Македонија, работат работниците во Германија, каде просечната работна недела е 34,2 часа, во Италија 35,6 и Франција каде работната недела трае 36,3 часа.
Просечната плата, пак, во земјава изнесува 27 948 денари или околу 450 евра. Податоците покажуваат дека во оние земји, каде работната недела трае пократко, просечната плата е од три до речиси шест пати повисока од македонската. Во Германија просечна плата е 2400 евра, во Франција 2000 евра, а во Италија 1600 евра
Целиот текст ТУКА