Бројот на вработени лица во банкарскиот систем во 2020 година изнесувал 5753 лица. Во однос на 2019 година бројот на вработени лица се намалил за 179, објави Народната банка во годинешиот извештај за Банкарскиот сектор за 2020 година.
Учеството на вработените со високо образование изнесува 83,90 проценти од вкупниот број на вработени и е повисок за 1,9 процентни поени во однос на претходната година.
Продуктивноста на банките мерена преку големината на активата по вработен постојано се зголемува кај најголем дел од банките.
Разликата во продуктивноста на одделни банки и понатаму е значителна и се движи од 31,8 милиони денари до 191,9 милиони денари актива по вработен.
Извор: https://denar.mk/