Според некои медиуми британската кралица Елизабета II “тежи” 470 милиони долари, но сепак тоа е далеку од најбогатите Британци. На листата на магазинот Sunday Times кралицата Елизабета II е “само” 319, по приходите што ги оставрува и богатството што го поседува. Со оглед на тоа дека и другите членови не одат на “регуларна” работа, интересно е да се види како и колку заработува британското кралско семсејтво.
Кралицата Елизабета и принцот Филип
Една од највозрасните и најдолгоодржаните владетелки во светот секако е Елизабета II. Главни извори на нејзиното богатство се:
Суверен Грант – годишен паушал од Владата со којшто се покриваат трошоците за патување, обезбедување, персонал и одржување на кралските палати. За фискалната 2016/2017 година по тој основ кралицата добила 58 милиони долари ослободени од данок, со проекција за можни дополнителни средства (до 103 милион долари) заради реноворањето на Бакингамската палата. Тоа секако не се пари од даночните обврзници, туку приходи остварени од збир на британски имот и фарми, кои генерираат стотици милиони фунти секоја година. Овие приходи се влеваат во државната каса, а само мал дел од нив (15-25%) и се даваат на кралицата во форма на Суверен Грант.
Војводството од Ланкастер е имот од комерцијални, земјоделскии станбени објекти, што го поседува кралското семејство уште од 1265 година. Приходите од него се околу 26 милиони долари годишно, а кралицата ги користи за плати, за службени и приватни трошоци, но и за трошци за дури членови од кралското семејство кои биле ангажирани во нејзино име.
Лични средства – кралицата Елизабета II поседува недвижен имот (замокот Балморал во Шкотска и имотот Сандригем во Источна Ангија), наследен од нејзиниот татко, а исто така поседува и вредна колекција на печати, уметнички дела, накит и портфолио на акции. Сопругот на кралицата, принцот Филип, добива годишна исплата од 488.000 долари, за финансирање на неговите службени должности.
Принцот Чарлс и неговото семејство
Наследникот на тронот, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила главниот приход (над 90%) го остваруваат од Војводството Корновол, приватен имот воведен во далечната 1337 година со цел да обезбедува приходи за престолонаследникот. Овој имот поседува и управува земјиште во рурални и урбани области, има и колекција на острови, но и изнајмува колиби во места како Велс и Корнвел. Според податоците од последниот финансиски извештај, Чарлс и Камила последната фискална година оствариле приход од 28 милиони долари од имотот, плус 1,8 милиони од суверениот грант на кралицата и уште 627.000 долари од разни владини одделенија. Половина од овие средства се трошат на службени должности и патувања, дел за плаќање на данок (само кралицата е ослободена), а 8,9 милиони одат за децата на Чарлс, други набавки и кралската штедна книшка. Принцот Вилијам, Кејт и принцот Хари добиваат плати кога извршуваат службени должности во име на кралицата, но имаат и приватно наследено богатсво од нивната мајка, принцезата Дајана.
Остатокот од семејството
Покрај принцот Чарлс, кралицата Елизабета има уште три деца, кои исто така имаат свои семејства, деца, па и внуци. Двајцата помлади синови Андреј и Едвард се ангажирани со полно работно време да ја поддржат монархијата и за тоа добиваат редовна плата како и сите други кои обавууват ангажмани во незјино име. Додека, пак, ќерките на Едвард, принцезата Беатрис и принцезата Евгенија имаат редовни работни места во бизнис и уметничкиот свет соодветно. Ако не се смета финансиската помош од татко им, тогаш тие се независни од парите на монархијата. Впрочем тоа е веќе и тренд кај следната генерација на ројалците- полека да стануваат финансиски независни и да излезат од сенката на парите на монархијата.
извор: bi.mk