ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ЌЕ „ОДРЕДИ“ ДАЛИ УЧЕНИЦИТЕ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВО УЧИЛИШТАТА

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ЌЕ „ОДРЕДИ“ ДАЛИ УЧЕНИЦИТЕ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВО УЧИЛИШТАТА

15. 05. 2021.

Mоментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар.

Оваа година избраниот хибриден модел на наставата даде одлични резултати, без застој во образованието, а притоа се заштити здравјето на учениците и наставниците како и колективното здравје. Тоа покажа дека образовниот систем може да се справува со вакви потреси. Тоа денеска до Охрид го посочи министерката за образование и наука Мила Царовска која беше во посета на средните стручни училишта во градот.

Царовска истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар. Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Според неа, предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува после спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.