
Од ЕВН Македонија известуваат дека утре без струја ќе останат делови од Центар, Карпош и Студеничани
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на ЕВН Македонија, на ден 19,05,2021 година ,(среда). без електрична енергија ќе останат :
– во време од 08,30 – 13,00 часот Кеј 13-ти Ноември – сите угостителски објекти покрај самиот кеј (о. Центар);
– од 09,00 – 12,00 часот дел од ул. Тодор Александрв над ПС Водно кон пешачките патеки према Средно Водно (м.в. Шереметница) (о. Центар);
– 09,00 – 13,00 часот објектот на ТЦ Олимпико како и дел од ул. Јуриј Гагарин – од бр. 20 – бр. 40 и објектите во нивна околина (о. Карпош) и – од 10,15 – 12,15 часот Рибникот Принц, селата Палиград, Алдинци, Црвена Вода и викендиците кај селото, Преслап, Планинарскиот Дом Китка и Планинарскиот Дом Караџица (о.Студеничани).