Традиционално, доделуваме награда за Најпосетуван огласувач на Vrabotuvanje.com.mk.Лани , како последица на новонастанатата ситуација со пандемијата, доделувањето го реализиравме на онлајн настан. А годинава во живо, покрај доделувањето на наградите за најдобрите во светот на Човечките ресури ќе ја доделиме и наградата за Најпосетуван Огласувач!
Настанот за доделување на HR награди ќе се случи вечерва со почеток во 20:00 во Јавна соба
Vrabotuvanje.com како генерален покровител и партнер на МАЧР ќе ја додели наградата за НАЈПОСЕТУВАН ОГЛАСУВАЧ на веб страницата Vrabotuvаnje.com.Минатата година тоа беше ДУРА атомотив груп а да се потсетиме на изминатите години и добитниците!
Најпосетуван огласувач во 2016 година беше Џонсон Мети.
Наградата за најпосетуван огласувач за 2017 година ја доби КАМ Маркет.
Наградата за најпосетуван огласувач за 2018 година отидe во рацете на компанијата оне.Вип, или сегашна А1 Македонија, која беше и првиот добитник на наградата за Најдобра Employer Branding кампања, во организација на Vrabotuvanje.com.mk.
Наградата за најпосетуван огласувач за 2020 година ја доби КОСТАЛ Македонија, со импозaнтна бројка од 111.652 посети
Изборот за Најпосетуван огласувач го прават посетителите на сајтот Vrabotuvanje.com.mk, односно најпосетуван огласувач е онаа компанија која има најмногу прегледи на огласите во текот на годината.
Со нетрпение го очекуваме новиот добитник