Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Најниска просечна плата е регистрирана во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа – 23.579 денари, бруто, следи дејноста заштитни и истражни дејности – 24.700 денари, па дејноста туристички дејности и туроператори и останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив – 25.542 денари, следи дејноста производство на облека – 26.173 денари и услуги поврзани со одржување на згради и уредување и одржување на животна средина и природа – 26.218 денари.