На денешната прес-конференција беше соопштено какви протоколи ќе треба да се спроведат кога ќе се организира свадба.
Ова се дел од стандардните протоколи на влезот ќе треба да има поставено средство за дезинфекција, летните тераси кои треба да бидат отворени од три страни, гостите не ќе смеат да се да се гушкаат или ракуваат. Менаџерите на објектите ќе треба да го имаат списокот на гости по кој ќе го вршат приемот. Музика ќе биде дозволена на свадбите. Таа ќе треба да биде оддалечена на 5 метри од масите воедно забрането е движење на музичарите и ќе биде дозволено и играње на подиум со дистанца.
извор: lokalno.mk