18 јуни (петок), Духовден е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповест
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) преостанати неработни денови во 2021 година се:
За сите граѓани на РМ:
На 02 август (понеделник), Ден на Републиката, додека на 8 септември (среда) се одбележува Ден на независноста, а 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание.
На 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, а 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,
За граѓаните од православна вероисповед:
18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед:
01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед - 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ – 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ – 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ – 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.