Во земјава помалку од 20 отсто од луѓето живеат во станови.
Мнозинството граѓани во Македонија живеат во куќи. Ситуацијата не е поразлична ниту во регионот. Во Србија за споредба над 20 отсто од луѓето живеат во станови. Агенциите кои се занимаваат со продажба на недвижен имот велат дека структурата на живеалишта е таква затоа што во нашето општество долги години луѓето живееле во заедница, и затоа се фоксуирале на градење на куќи. Но, додаваат дека во последно време работите се менуваат, и младите сакаат самостоен живот, при што бираат станови.
Порано луѓето граделе поголеми куќи на катови, за да имаат простор за живеење за себеси, за децата, но сега младите сакаат да живеат сами, и купуваат станови. Многу повеќе се бараат станови. Предност е тоа што станот е полесен за одржување за разлика од куќата. Многу од куќите стојат празни поради тоа што луѓето заминуваат во странство, додека со станот, дури и да решат да заминат, полесно ќе го продадат.
Во 2019 година, 46 отсто од населението на ЕУ живеело во станови, додека нешто повеќе од една третина (35 отсто) од населението живеело во одвоени куќи и скоро една петтина (19 отсто) живеело во полу одвоени куќи. Становите беа најчестиот тип на престој во 14 земји-членки, особено во Латвија (каде живееја 66 отсто од луѓето во станови), Шпанија (65 отсто) и Естонија (61 отсто). Земји-членки на ЕУ каде најмал удел од населението живее во станови се Ирска (8 отсто) и Холандија (21 отсто).
Во Бугарија, над 40 отсто од луѓето живеат во станови. Спротивно на тоа, повеќе од две третини од населението живеело во одвоени куќи во Хрватска (68 отсто), проследено со Словенија (66 отсто), Унгарија и Романија (и 65 отсто) и Данска (54 отсто). Холандија и Ирска беа единствените земји-членки на ЕУ каде повеќе од половина од населението живееше во полу-одвоена куќа (58 отсто и 53 отсто соодветно) во 2019 година.
извор: faktor.mk